Случајот Поткуп по повеќе години работа промена на судии и обвинители стигна до пресуда. Денеска обвинението против Зоран Заев е сменето од примање поткуп во полесно кривично дело за што обвинителството побара казна. Поради промена на делото и помалата предвидена казна од петчлениот судки совет заминува судијата Добрила Кацарска и останува само судија поединец да ги разгледа доказите и да донесе пресуда која ќе биде соопштена во понеделник. Судијата Дарко Тодоровски појасни дека во овој случај нема да важат ниту доказите обезбеди со примена на Посебни истражни мерки и дека за нив судот ќе се произнесе при соопштување на одлуката.
Зоран Заев и неговите бранители веќе имаат поднесено пријави за обвинителите кои претходно го работеа случајот за што дополнително ќе треба да се произнесе Советот на јавни обвинители.
Поврзани објави
Судење “Монструм”: Заштитениот сведок е лажен и наместен
Денеска пред судот повторно сведочеше заштитен сведок на СЈО кој кажа дека слушнал истрели па ги видел телата…
Обвинение за екс градоначалник
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска до Основниот суд Неготино поднесе Обвинителен предлог против обвинетиот,…
Три и пол години затвор за пратеник од ДУИ
Кривичниот суд изрече по три години и шест месеци затворска казна за обвинетите во Титаник 3 Ејуп Аљими…
Рашковски нуди половина милион евра за да излезе од притвор, Вишото обвинителство прифаќа
Вишото јавно обвинителство Скопје се согласува Драги Рашковски да излезе од притвор со гаранција, потврдија за „360 степени“…