Утре во 9ч, на моја иницијатива, во обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, ќе остварам средба со г-ѓа Вилма Русковска.
Целта на закажаната средба е на обвинителката да И го предадам аудио материјалот доставен од укажувач, а на кој се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев. Во прилог на овој материјал ќе го доставам и транскриптот од чија содржина произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на “Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ.
Се надевам дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет.После завршувањето на средбата, околу 9.45/10ч ќе дадам изјава за медиумите пред зградата на тоа јавно обвинителство.
– соопштение – Антонио Милошоски
Поврзани објави
ФОТО: Запалени 8 нови контејнери, оштетени и возила
Во текот на изминатата ноќ непознати сторители запалиле осум контејнери за одлагање смет што беа поставени во населбите…
Се гради мал град во скопски Сарај
Нова елитна населба „Комплекс планет“ почна да се гради во Сарај. Проектот беше промовиран денеска, а освен функционери,…
Јанкулоска на ФБ за Јанакиески: По 5 години, ништо не може да го надомести неповратно изгубеното време!
Гордана Јанкулоска – екс министерката за внатрешни работи на Фејсбук со став за својот екс колега, Миле Јанакиески…
Хакиран центрлен регистар- податоците безбедни
Централен регистар ја потврди информацијата дека е извршен упад во компјутерскиот систем и дека хакерскиот упад го пријавиле…