Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе поднесе претставка до Секторот за внатрешна контрола во МВР поради односот на полицијата кон активистите на „FridaysForFuture“ кои ја спроведоа денешната герила акција пред Министерството за животна среднина. Откако активистите ставија отпечатоци од раце со црвена боја на прозорците на министерството, тие беа однесени во објектот од страна на обезбедувањето, а подоцна се придружија и полицајци кои дрско се однесуваа кон присутните демонстранти. Меѓу учесниците во акцијата имаше и малолетно лице, кое беше држено во полициска станица повеќе од еден час, без присуство на адвокат и социјален работник, што е дополнително прекршување на процедурите. Лишување на дете од слобода се применува само како последно средство во постапката и само под услови и во траење определени со Законот за правда на децата.
Поврзани објави
Зпочнаа подготовките на ОБСЕ/ОДИХР за мониторинг на изборите на 5 јули
По покана од македонската влада, мисијата за набљудување ОБСЕ/ОДИХР ќе испрати набљудувачи во Македонија за следење на изборите…
ВИДЕО: Тројца пожарникари повредени, се преврте пожарната
Тројца пожарникари во Скопје во населбата Маџари се повредени и однесени во болница откако се превртел камионот со…
Гордан Калајџиев и Маргарита Цаца Николовска поднесоа оставки од Советот за надзор на прислушкувањето
Правните експерти Гордан Калајџиев и Маргарита Цаца Николовска поднесоа оставки во Собранието, во телото составено од стручњаци од…
Вработен во Општина Струга позитивен на коронавирус – општината затворена до наредниот понеделник
Вработен во општинската администрација во Струга е позитивен на Ковид-19. Поради таа причина Општината нема да работи до…