И овој викенд полициски час од 16 часот до 5 изутрина

Забраната за движење на населението денеска почнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро. Ова е согласно одлуката на Владата за забрана на движење за време на викендите што се применува од минатата недела. Полицискиот час и утре ќе почне од 16 часот и ќе трае до 05 следниот ден.

Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се приспособат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.

Од забраната се изземени земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници. Другите земјоделци, од останатите подсектори (сточари, овоштари, поледелци) ако имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство за време за забрната за движење, треба телефонски да се јават во подрачните единици на Министерството за дозвола.

Производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени. Согласно заклучокот на Главниот координативен кризен штаб, работниците во време на забраната за движење ќе може да се упатуваат на своите работни места исклучиво со посебни дозволи за вршење сменска и ноќна работа.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Милошоски со порака од Инфективна клиника: Јас сум добар, благодарност до мединицскиот персонал кој се грижи за мене

Почитувани пријатели, денес околу 16ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура.Други симптоми…