Деновиве адвокатските друштва обвинети, сведоци и други странки во постапката за настаните од 27 април лани за која ќе се суди за тероризам добија невообичаени судски покани. Поканите се со долг текст и прецизни датуми за закажани судски термини. Првиот е на 22 август, а последниот термин е 30 ноември. Доколку се одржат како што е планирано првата пресуда за овој случај може да падне или на почетокот на декември или најдоцна околу Нова Година. Предметот е огромен со многу обвинети и сведоци. Дел се во притвор дел во куќен притвор.
На поканата јасно е наведено дека доколку поканетиот сведок не се појави на закажаниот термин и не го оправда отсуството ќе биде доведен со полција.
Судијата Добрила Кацарска ги закажа рочиштата однапред за да знаат и бранителите на обвинетите да го планираат роковникот оти закажувањето рочишта по одржано рочиште поради обврски на адвокатите може да биде многу проблематично и да го одолговлекува предметот. Исто така поради обемноста на предметот со обвинети треба да биде однапред резрвирана сала за судење која не е искличено да биде свечената сала во Врховен суд со оглед дека има многу обвинети ќе присуствуваат нивни роднини , но и огромен интерес од медиумите.
Меѓу обвинетите се петмина пратеници. 28 лица ќе одговараат за тероризам, а двајцата агенти од УБК кои ги одземаа снимките од безбедносните камери во Собранието, ќе одговараат за помагање. Обвинет е и ексдиректорот во МВР Митко Чавков и други старешини од МВР и од Агенцијата за разузнавање. Обвинети се и актер и оперски пеач.
Поврзани објави
Објавена пресудата на Управниот суд: Судскиот совет незаконски и без образложение ја разрешил Весна Дамева од претседателската функција
Судскиот совет незаконски и без образложение ја разрешил Весна Дамева од претседателската функција, пресуди Управниот суд по тужбата…
Бизнисменот Кочан ќе добие упатен акт за во затвор ?
Бизнисменот Сеад Кочан, за најмногу десетина дена треба да го прими упатниот акт за издржување на затворската казна…
Градоначалникот Курто Дудуш призна вина и доби судска опомена
Курто Дудуш, градоначалникот на Шуто Оризари, денеска седна на обвинителна клупа откако беше обвинет за напад врз Демир…
Бизнисмен сведочи дека Јанакиевски и Божиновски му барале 15 илјади еврa
Сопственикот на кавадаречката компанија „Урбан инвест“, Јован Грков, тврди дека лично Миле Јанакиески и Кирил Божиновски му наредувале…