Копал гроб, откопал граната

Вработен во погребалниот сервис „Бутел“ вчера пронашол граната додека копал за гробно место на гробиштата од црквата Св. Никола во селото Мирковци.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден во 9:40 часот во Полициското одделение Мирковци, вработен во погребален сервис „Бутел“ пријавил дека на гробиштата од црквата Св.Никола во село Мирковци, додека копал за гробно место, пронашол граната со должина од околу 30 см.

Увидот бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мијалков стана дедо

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков пред да оди на издржување на затворската казна…