Малолетничка од тетовско пријавила обид за обљуба од две лица од 21 и 25 годишна возраст.
Заедно со нејзниот татко пријавила во СВР Тетово дека две машки лица физички ја малтретирале, ја допирале по телото и се обиделе да извршат обљуба.
Според пријавеното настанот се случил на 9 јуни, вторник околу 23 часот. Двајцата пријавени вчера околу 15 часот се лишени од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.
Двете машки лица се на возраст од 21 и 25 години и се од истото место на живеење со малолетничката.