Завчера на граничниот премин Меџитлија кај Битола, Министерството за внатрешни работи му го одзела пасошот на егзарх Јован Вранишковски. Според групата следбеници на екс владиката на МПЦ – ОА, МВР не дало објаснување за одземање на пасошот. Според ПОА “таква дискриминација со одземање на патни исправи без никакво образложение, својствено е за правно неуредени држави, држави во кои нема никакво владеење на правото”.
Групата на Вранишковски тврди дека со верскиот прогон, Владата го крши и Уставот и меѓународните конвенции, кои ги има потпишано, со што ја продолжува праксата на претходната Влада, за што, од Европскиот суд за човекови права во Стразбур неодамна ѝ беше наложено да ѝ плати оштета на Православната Охридска Архиепископија.
Најмалку тројца негови блиски соработници се на високи позиции во владата на Заев а еден е раководител на владиниот тим за пропаганда, пренесуваат медиумите и социјалните мрежи.
Поврзани објави
Вучиќ: Курти не само што би ја нападнал Србија, туку и Македонија и Црна Гора
Претеседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување на ТВ„Пинк“ коментираше дека вчерашната посета на Албин Курти во Тетово…
Прв пациент со КОВИД-19 тргнат од респиратор, примал озонска терапија и лекот„Актерма“
37 годишен пациент со КОВИД-19 денеска е исклучен од респиратор и дише слободно без помош на машина, потврдија…
42 отсто од повиците кон ЦУК биле итни, најмногу се барала помош од полицијата
Во последното деноноќие во Центарот за управување со кризи имало вкупно 1.568 повици на Единствениот број за итни…
Седница на Советот за безбедност за продолжување на вонредната состојба
Советот за безбедност попладнево повторно ќе одржи седница кај претседателот Стево Пендаровски во „Вилата Водно“. Покрај постојаните членови…