Ѓоковиќ и сопругата позитивни на Ковид -19

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ денеска соопшти дека е позитивен на Ковид-19. Тој е четвртиот заразен тенисер по егзибицискиот Адриа турнир кој самиот го иницираше.

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се тестирале на коронавирусот вчера во Белград, а резултатите покажуваат дека обајцата се заразени. Нивните деца не се заразени од вирусот. Ѓоковиќ вели дека тој и сопругата засега немаат симптоми на болеста и ќе останат во изолација во следните 14 дена.
Втората рунда на Адриа турнирот кој требаше да се одржи во хрватскиот Задар беше откажана откако во саботата бугарскиот тенисер Григор Димитров соопшти дека е заразен од коронавирус. Во меѓувреме и хрватскиот тенисер Борна Чориќ, српскиот тенисер Виктор Троицки и неговата бремена сопруга, како и тренерите на Ѓоковиќ и Димитров соопштија дека се позитивни на вирусот. 

Total
0
Shares
Поврзани објави