Приказната на баба Велика – молам само за малку дрва за огрев

Баба Велика живее во Говрлево – општина Сопиште. Куќата и е празна живее сама откако семејството и се растурило. Сопругот и ќерката починале, синот живее далеку , а роднините вели ја заборавиле. Живее со мала пензија но не се жали вели добро е здрава сум. Короната и пандемијата едвај ги поминува оти немало кој да и помогни за набавки. Но и за тоа не се секира. Единствена секирација и е како да набави дрва за огрев. Сама во најголемата горештина деновиве оди со два автобуси до градот за да побара некој да и помогне да најде дрва. Досие ќе се потруди оваа година баба Велика да добие дрва , храна и средства за хигиена. Сите оние кои може да и помогнат може да ја најадaт во Говрлево или да контактираат на мејл: [email protected].

автор : К. Мачкиќ видео Досие.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Видео – Младиот штипјанец Вили Илјов којшто на 29 август беше примен на бесплатно болничко лекување во Жан Митрев Клиника, денеска си оди дома

Младиот штипјанец Вили Илјов којшто на 29 август беше примен на бесплатно болничко лекување во Жан Митрев Клиника,…