Груби: Нема договор за нова влада со СДСМ

Артан Груби од ДУИ, ги негира наводите на весникот Коха дека СДСМ и ДУИ постигнале договор за формирање на нова влада, со која една година ќе раководи премиер Албанец.

„Разговори за детали, како што се претставени, ниту имало ниту се договорени со ниту една од страните, реагираше,Груби.

Тој вели дека во моментов, ниту една од многуте вести во медиумите не е потврдена од ДУИ.

“Кога ќе имаме нешто конкретно, ќе ве известиме благовремено. Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, пријателски, иницијални, секако за доброто на земјата и нејзините граѓани, тврди Груби. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави