Петковски: Ахмети може да биде осуден од Хаг

Лидерот на НСДП Тито Петковски смета дека предлогот на ДУИ за Албанец-премиер е невешт предизборен обид да се добијат повеќе пратеници.

Петковски вели дека за време на избори и на риболов се лаже најмногу.

„Така тие сега признаваат дека би направиле концесија, но сега има дру елемент. Ахмети е повикан на Хаг како сведок. Но така беше и со Шешељ – го повикаа како сведок па го осудија. Немам никакви информации, но кога Хаг повикува сведоци повикува луѓе кои учествувале во разни дела против човештвото“,  изјавил Петковски за Канал 5.

Спооред него, преговорите за ново парламентарно мнозинство ќе одат тешко, но убеден е дека  влада ќе има.

„Влада ќе има, каква ќе биде не знам. Отворањето на проблемот – нови избори или чекањето до година… дефинитивно се укочуваат сите реформи, се губи чекорот со ЕУ“, додава Петковски. Р.Д.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Судска медицина: Причината за реобдукција покажува дека ОЈО и колегите кој го прегледале телото немаат елементарни познавања од судска медицина, познавања кој треба да ги има секој обвинител

По пронаоѓање на телото на ден 07.06.2022 година околу 19.00 часот бил извршен увид на местото на настанот…