Случајот „Мавровка“ е уште една потврда дека се потребни итни, темелни и добро осмислени промени во функционирањето на општинските инспекциски служби за тие да бидат ефикасни, независни и во функција на граѓаните, а не на моќниците, посочуваат од НВО Инфоцентарот.
Од оваа организација пред неколку месеци ја истражуваа состојбата со општинските инспекциски служби, а нивната анализа покажа дека општините во Северна Македонија немаат доволно капацитети за да организираат ефикасна инспакциска служба на локално ниво.
„Речиси нема општина во која се пополнети сите предвидени инспекторски позиции, па оттаму, во некои општини постои практика еден инспектор да врши инспекциски надзор во повеќе области. Законската регулатива по која работат и постапуваат општинските инспектори е нехармонизирана, а неретко и противречна. Општинските инспектори се назначуваат од градоначалниците и ним директно им одговараат. Ова положба на инспекторите го прави нивниот интегритет ранлив на политички и бизнис влијанија и го зголемува ризикот од корупција. Ризикот од корупција веќе е голем заради фактот што општините, во исто време, се и даватели на услуги и вршат инспекциски надзор над тие услуги. Затоа, инспекторите често се наоѓаат во „маѓепсаниот круг“ на таквите политички и бизнис влијанија, од една и законите, граѓаните и јавниот интерес, од друга страна“, велат од НВО Инфоцентар.
Нивното истражување покажало дека преку 40% од граѓаните мислат дека инспекторите за својата работа зависат од градоначалниците, а речиси во ист процент сметаат дека општинските инспектори не се професионални и ефикасни и дека наместо заштита на јавниот интерес тие ги штитат интересите на политичките и бизнис моќници.
Според НВО Инфоцентар потребен е нов модел за локалните инспекциски служби кој ќе им овозможи тие да бидат целосно независни, функционални и ефикасни во заштитата на интересите на граѓаните и на заедницата во целина.
„Постојат размислувања локалниот инспекциски надзор да се спроведува преку независна инспекциска служба надвор до ингеренциите на локалната власт, која ќе функционира на ниво на една општина, регионално или пак, национално. Исто така, има размислувања и за формирање независна национална агенција за инспекциски надзор во општините. Клучниот фактор од кој зависи поттикувањето и спроведувањето реформи е политичката волја на извршната и законодавната власт да создаде инспекциски надзор на локално ниво кој ќе биде независен, ефикасен и отпорен на корупција”, додават во Инфоцентар.
Поврзани објави
Германски претседател оптимист дека Скопје ќе започне преговори со ЕУ
Германскиот претседател Штајнмајер се надева дека во рамки на германското претседателство, Северна Македонија официјално ќе започнат преговорите на…
Притвор за командирот и двајца полицајци, молк дали ќе има разрешување на директорот на „Идризово“
На командирот од „Идризово“ Срѓан Димитриевски, во чија смена беше спроводот на затвореникот кој избега, му е одреден притвор во…
За гинекологот Дамчевски што лажеше жени дека се бремени Апелација му зголеми од 1,5 на две години затвор
Гинекологот Николче Дамчевски, наместо една и пол ќе треба да одлежи две години затворска казна е конечната одлука…
Прегазен маж во Ново Лисиче
Вечерва во скопската населба Ново Лисиче се случи тешка сообраќајка во која маж бил прегазен од автомобил. Несреќата…