Родители од Кичево ги терале малолетните ќерки да се проституираат

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „запуштање и малтретирање на дете“, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Џ.М. (34) и С.М.(30), двајцата од Кичево.

Во текот на минатата и оваа година, пријавените, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, психички и физички ги малтретирале нивните три малолетни деца, а потоа ги присилувале да излегуваат на улица во Кичево и во други градови и да питачат, а девојчињата ги терале да се проституираат.

Со пријавените, како и со малолетните деца е извршен разговор во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи од Кичево, информираше портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

соопштение: МВР

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Велибор Манев: Простете што излегов таква будала и му верував на Палевски, ранецот со оружјето фрлен во Вардар од вработен во Народна банка!

Од самиот почеток на постапката решив да ја зборувам вистината. Не порекнував ништо што сторив и дообјаснував работи…