Во парк во Крагуевац, околу 22:30 синоќа, имало пукање во кое еден човек е ранет во вратот. Неофицијално Kurir.rs известува дека е повреден Ѓорѓе Ѓоровиќ наречен “Гуштер”, роден во 1976 година.
Според неофицијалната верзија, пукањето се случило на детското игралиште на улицата Рудничка. На Ѓоровиќ му сметала бучавата на децата кои играле баскет и дошол на игралиштето за да ги истера.
Децата побарале помош од соседот Петар К (28). по што настанала кавга и тепачка по што Петар извадил пиштолот и го ранил во вратот. МВР потврди дека Петар К. е во бегство. Инаку, и двајцата и се претходно познати на полиција.
Во февруари 2009 година Ѓоровиќ беше уапсен во Специјалното обвинителство за борба против организираниот криминал.
Потоа тој е осомничен дека е припадник на шестчлена криминална група која фасификувала банкноти од два милиони евра и препродавала дроги.
Поврзани објави
Убиство во Батинци, еден мртов и тројца повредени во пресметка
Во двор на угостителски објект во село Батинци вчеравечер дошло до расправија, а потоа и пукање и пресметка…
Скопјанец со сила принуден да препише Масерати на друго лице поради наводен долг
Јавен обвинител покренал истражна постапка против пет лица од Скопје поради основано сомнение дека како соизвршители сториле кривичлно…
Серискиот убиец од Струмица тврди дека не е виновен
Денеска започна судењето за убиството на Ристо Иљашев од Струмица кој беше пронајден во метално буре во водите…
Од собата на Јагуар никој не излегол жив: Платениот убиец на Ел Чапо тука ги вршел најстрашните ликвидации
Сведокот на судењето на нарко-босот Ел Чапо Гузман, рекол дека еден негов платен убиец имал посебна “соба за…