Повлечен спорниот учебник кој советува како да се заколе жена

Министерство за образование и наука го повлече учебникот за петто одделение по Македонски јазик поради дискриминација и стереотипи.

„Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма“, велат од МОН.

Мајавуваат дека се подготовува целосно нов Закон за учебници, со кој ќе се надминат недостатоците.

Инаку  во спорниот учебник за шесто одделение се наоѓа текст насловен „Три добри совети“ кои треба да ги подучи децата како да бидат трпеливи.

Но, еден извадок од текстот предизвика остри реакции во јавноста.

„По некое време селанецот се скарал со жена си и дигнал секира да ја заколе, но веднаш се сетил на советот: Кога ќе се налутиш, изброј до петнаесет, па после да го извршиш тоа што си намислил“.

Total
0
Shares
Поврзани објави