Полицијата нема да влезе по домови за да спречи групирања

Задолжително носење маска на отворено и забрана за групирање на јавен простор се мерките што ги прифати собраниската Комисија за здравство.

Министерот за здравство, Венко Филипче се откажа од мерката да се забранат собири и групирања во домовите давајќи можност на полицијата да влегува по станови и куќи без судски налог.

Опозицијата тврдеше дека мерката за влегување по домови е претивуставна, а Комисијата ги усвои амандманите за глобите против прекршителите на мерките.

Мерките заедно со зголемените надлежности на инспекциските служби во Законот за заштита на населението од заразни болести вечерва во 19 часот ќе се најдат на пленарна седница.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе присуствуваат на седницата, но ќе гласаат воздржано. 

Total
0
Shares
Related Posts