“Ова се политички судски процеси. Очигледно е дека правните аргументи не може да ја победат политичката нарачка.Нема да бидеме декор во судница, затоа не доаѓаме во Апелациониот суд. Нека донесат каква сакаат одлука. Мене ме суди политиката, а не судот. ВД претседателката на судот врши притисок да бидам осуден.Таа барала да бидам осуден една година за во предвечерието на Рефередумот да бидам затворен.
Секој кој станал судија знаел дека ќе се најде во ваков момент, а на нарачателите на овој срамен чин им порачувам , се лажете дека ќе ме елиминирате. Мене ќе ме направите поголем, а вие ќе бидете помали. Ниту едно обвинение ниту еден затвор нема да поништи што сум сум направил за македонскиот народ”.
Ова е само дел од прес конеренција на Никола Груевски по повод судските процеси против него. Обвини за политички монтирани процеси, и порача дека се прави голема грешка, а дека народот гледа се и знае се. Посочи примери на судии кои се во роднински односи со видни луѓе на раководни функции во СДСМ и повторно седат и судат.
Бо врска со објавата дека пред 10 години тој прифатил промена на име , тврди дека и тоа е дел од политичката кампања.
“Ако се согласев се што сакаа грците денес ќе беше друга песнa”, рече Груевски.
Поврзани објави
Кацарска одби да им суди на организаторите на крвавиот четврток
Според АКМИС системот за распределба на предмети во Кривичниот суд предметот за организаторите на крвавиот четврток за оценување…
Ахмети вината за прекинување на пописот ја префрла врз Собранието
Лидерот на ДУИ Али Ахмети се правда дека вчера имал многу обврски затоа исказот кај обвинителката Фатиме Фетахи…
ФОТО : Груевски влегува како прв обвинет во новата зграда на Кривичен
Во новата зграда на Кривичниот суд денеска ќе се одржи првото рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство…