Опелот од “Мoнструм” прв пат го виде и јавноста

„Oпелот омега“ еден од клучните докази во постапката за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро од пред 6 години денеска го виде и јавноста. Втор пат во послените години јавноста и обвинетите заедно со обвинителство и судиите беа да видат доказен материјал. Причината беше да се отфрли она што беше спорно и за Врховен, а и една од причините на осудените да им се суди од почеток. Опелoт омега има задни седишта со потпирачи, има и калници. Токму на седиштето зад возачот тогашната обвинителка Гордна Гешкоска во првичната постапка, тврдеше дека се најдени ДНК траги од првообвинетиот за убиството на децата и рибарот, Алил Демири, а хемискиот состав од земјата најдена на калниците е иста со онаа кај брегот на езерото каде беа убиени петмината. Нејзинто тврдење се темелеше на капка пот најдена на еден од потпирачите. И адвокатот на роднините на убиените деца потврди дека се потврдило се од записникот на лице место ист број на шасија ист број на мотор. Одбраната на обвинетите останува на ставот дека возилото не било идентично со она што било вештачено.
Според обвинението на организиран криминал, истото по кое сега се води и СЈО, опел омегата на 12 април 2012 година била користена обвинетите за да побегнат. Опелот беше најден кај местото викано Вражји вир, на 10 километри од Смиљковското езеро. Од тогаш ова возило е спорно во постапката чие е и дали е на МВР.
Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи најави дека изгледот на возилото не одговора со она од вештачењето и затоа рече дека ќе ги испитуват вештаците што го направиле вештачењето на следното рочиште во октомври.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Сеад Кочан во болница

Сеад Кочан хоспитализиран во приватна болница пет дена пред да оди во затвор, според упатниот акт. Не се…