Охридска градинка се дезинфицирала во присуство на деца, едно од нив добило воспаление на очите

Фотографијата која се шири на социјалните мрежи и на која се гледа како во присуство на деца се врши дезинфекција на простории, предизвика лавина од негодувања кај родителите, но и јавноста.

Станува збор за детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид, а дезинфекцијата била извршена на барање на општината Охрид од страна на ЈП „Охридски комуналец“ во сите објекти на детската градинка.

Една мајка сведочи дека кога си го зела детето од градинка, тоа веќе имало симптоми и завршило на лекар, пренесува „Алфа“.

„Детето веќе имаше добиено воспаление на очињата, а потоа му се појави и стомачен вирус да речам, ајде нека биде вирус. Го однесов на матичен лекар, тој ми напиша претставка што треба да ја однесам во архивата на градинката да ја заверам и да ги пријавам во санитарна инспекција. Ова не се прави кога децата се во градинка, ова се прави кога е празна градинката, после завршување на работното време и на воспитувачките и на негувателките. И за ова некој мора да сноси одговорност, затоа што се работи за мали деца, тоа се тешки хемикалии“, вели родителот.

Во лекарскиот извештај, помеѓу друго стои и дека детето има наод на алергиско-хемиски ринит, а доколку продолжи да се експонира на хемиски агенси, има ризик да развие астма.

Total
0
Shares
Поврзани објави