Денеска протест на роднините на осудените за “Монструм” – Скопје под блокада

Нов протест на роднините на осудените во „Монструм“ е закажан за денеска попладне во Скопје.

Поради тоа, СВР Скопје  воведува посебен режим на сообраќајот на неколку улици во Скопје.  Протестот кој е најавен во 13.30 часот, ќе почне од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата. Затворени за сообраќај од 13:30 часот до завршување на протестот ќе бидат улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, соопшти МВР.

На протестот на роднини на осудените во „Монструм“ што одржа пред четири недели дојде до нереди. При тоа приведени беа осум лица, а повредени беа седум полицајци.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези, а во следните денови и коскени ткива

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи…
Повеќе

Данела даде инструкции на Комунална ниту една канта во Шутка да не се собира, ќе одговара, а изјавите и се нискобуџетни, вели Дудуш – војната со ѓубрето во Шутка продолжува

Курто Дудуш, градоначалник на Шуто Оризари и порача на скопската градоначалничка, Данела Арсовска, дека ќе одговара. Тој за…