На денешното судење во предметот „Топлик“ сведочеше вработена во Министерството за транспорт и врски, која била член на Комисијата за јавно наддавање на градежно земјиште. На прашање на обвинителот од СЈО што констатирала Комисијата, сведокот рече дека документацијата била некомплетна и затоа не може да се донесе одлука за јавно наддавање. „Немаше нумерички податоци за сите градежни парцели, немаше уверение за движење на катастарските парцели“, рече сведокот. Додаде дека бил составен записник со кој сакале да го известат министерот дека не може да се објави повик за јавно наддавање со некомплетна документација. „Баравме од министерот да нè разреши од Комисијата“, рече во сведочењето поранешната вработена во Министерството.
Подоцна рече дека никој не ја известил оти е разрешена. „Подоцна разбрав дека сум била ставена во второформираната комисија, иако не знаев за тоа“, таа.
Сведоците кои денеска не се појавија следниот пат ќе бидат стражарно приведени во судот.
Првообвинет во предметот „Топлик“ е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Се работи за случај при продажба на земјиште за месноста Сончев Град во Сопиште.
Поврзани објави
„Дојче веле“: Русковска до ВМРО-ДПМНЕ доставила опомена пред тужба за клевета
Шефицата на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вчера (3.7.) до Коалицијата…
Ламбе Алабаковски осуден на условна казна од шест месеци за палењето на „Ванчо Михалјов“
Пејачот Ламбе Алабаковски е осуден на условна казна од шест месеци за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“…
Не може стручен соработник да оценува врховен судија, порачува Тупанчески
Не може стручен соработник да оценува работа на врховен судија, смета Министерот за правда, Никола Тупанчески кој најави…
Срѓан Керим и Јана Станисављева сведоци во СЈО за случајот МПМ
Постапката за финансиските злоупотреби во МПМ отвори ОЈО Скопје, откако кривична пријава поднесе Самостојниот синдикат на новинарите на…