Полицецот Енвер Тоска признал дека прво го убил па запалил 36-годишниот Бекир А. од Битола убиство што се случило вчера околу 16.30 часот на патот за селото Беловодица, Прилепско.
Прилепското обвинителство убиството го води како свирепо убиство. Вчера во 16.30 часот телото на патот за селото Беловодица го пронашол рибар.
– Телото беше делумно изгорено, главно на главата но препознатиливо на лицето. Во себе имаше и документи за идентификација и станува збор за 36-годишен Б.А од Битола. Покрај телото се пронајдени траги од два автомобила од кои едниот, најверојатно голф и констатирано е дека е со битолски регистерски таблички. Околу телото се пронајдени четири чаури и едно зрно, најверојатно од пиштол што треба да го утврди вештачењето. Убиството е извршено свирепо. Наредена е обдукција, изјави портпаролот на полицијата.
Поврзани објави
Туристичките работници на протест – ако нема помош ќе има банкрот и нови 5 000 невработени !
Туристичките работници во среда излегуваат на протест. Велат дека по речиси еден месец откако ги испратиле барањата за…
Пратениците денеска ќе ги гласат работните тела на Собранието
Претседателот на Собранието, Талат Џафери најави дека денеска напладне ќе закаже седница на која на дневен ред ќе…
АРМ од денес е АРСМ
Претседателот на државата и врxoвен koмандант на вооpyжените cили Стево Пендаровски вчера ја потпишал уpeдбата за ознаките на…
МВР: По пукањето на Партизанска нема крв ниту пријавен повреден
Околу 18.35 часот е пријавено дека на булевар „Партизански одреди“ е пукано од едно возило кон друго, велат…