Возрасениот маж осомничен за намамување малолетничка на обљуба е приведен

Возрасениот маж од селото Ораовица, радовишко, со престојувалиште во селото Ерџелија, е приведен влера од полициски службеници од Полициската станица Свети Николе поради постоење основи на сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.

По преземени мерки од страна на полицијатс и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на 63-годишниот М.А. во Ерџелија, каде престојувал 59-годишниот Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Трипуновски откри злоупотреби на државни пари: Фирми земале субвенции, а не плаќале закупнина и не го обработувале земјоделско земјиште

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, најави дека започнува со објавување на сите сомнителни случаи и…
Повеќе

Бранко Црвенковски: „Македонија е корумпирана држава, нема еднaквост пред законот, нема правда, нема доверба во судството”

Поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски денеска од говорницата во МАНУ презентираше анализа за состојбите во државата во…