Во вторник пресуда за ,,Диво Насеље”

Следната недела поточно на 17 октомври скопскиот кривичен суд ќе ја соопшти пресудата за настаните од кумановското Диво Насеље од мај 2015 година. Во овој случај обвинети се 37 лица за тероризам и терористичка организација. Обвинителството побара доживотен затвор за сите обвинети. Нивните адвокати пак бараат ослободителни пресуди тврдејќи дека нема докази дека го сториле кривичното дело. На 9 и 10 мај пред две години загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина поминаа со тешки повреди. Од страна на вооружената група загинаа десет лица.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Паралелното мерење на PM10 честички во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите на воздухот измерени на други мерни станици

Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите…