Жалам што останав жив , ако имам можност пак ќе се самоубијам: Таткото убиец од Хрватска кажа зошто си ги уби трите деца

Уапсен е Харалд Копиц, австрискиот државјанин, кој живее и работи во Загреб, а кој викендов ја згрози хрватската јавност откако со голи раце си ги задави трите деца, седумгодишните близнаци и уште помалото, четиригодишно синче. Овие три дена тој беше во болница, бидејќи по бизарното злосторство и самиот проба да се самоубие, проголтувајќи повеќе од 100 апчиња.

Копиц со полициска придружба вчера бил префрлен на Клиниката за психијатрија во Врапче, а потоа бил однесен на распит во криминалистичката полиција.

Таму изјавил дека му е жал што е сеуште жив, дека долго време бил без работа, дека должел пари за киријата за станот, дека нема каде да оди, па решил да си го одземе животот, но и животите на трите деца за да „не биде сам кога ќе умре“.

Таткото убиец изјавил и дека доколку има можност и начин, повторно ќе се обиде да изврши самоубиство, исто како што испи повеќе од 100 таблети по убиството на децата.

Обдукцијата на телата на убиените деца е завршена, но се прават дополнителни токсиколошки прегледи за да се утврди како се убиени, со труење со апчиња или гушење. Тројното убиство на дете се случи ноќта помеѓу петокот и саботата, на 24 и 25 септември, во загрепската населба Млинови.

Total
0
Shares
Поврзани објави