Трката за нов државен јавен обвинител се уште трае и според извори на порталот dosie.com.mk убедливо најсериозен кандидат за оваа финкција е обвинителот Љубомир Јовески од Советот на Јавни обвинители. Го прашавме кој му бил предизвикот да седне на ова жешко столче во време кога јавноста има многу лош впечаток за работата на обвинителството.
“Мојата кандидатура е професионален предизвик за враќање на довербата на граѓаните во Обвинителството. Оваа институција мора да се врати на патот на почитување на законите и процедурите . За некои реформи ќе треба малку подолго време , но има и такви промени кои може да се направат на кратки рокови”, вели кандидатот за Јавен Обвинител Јовески.
Неговата биографија е со богато судиско и обвинителско искуство. Бил претседател на Основниот суд 2 во Скопје од каде неговите колеги велат дека бил најкорекниот шеф и професионалец.
-Кај него не проаѓа нешто спротивно од закон и не се занимава со политика, велат неговите колеги од правосудството.
Кандидатот Јовески сака да планинари има профил на социјална мрежа и ужива во прошетките во природа. Доколу ја добие функцијата иако ќе му одзема многу време, не планира да се откаже од планинарењето.
Јовески е еден од 23јцата кандидати пријавени на огласот за прв човек на јавното обвинителство. По изборите Советот на јавните обвинители , по барање на Владата, ќе достави мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите. Мислењето на Советот е обврзувачко за Владата, која пак предложените кандидати ги доставува до Собранието. Ако Советот не даде мислење во рок од 15 дена, следуваат дополнителни 15 дена за мислење, по што, ако нема писмено известување, се смета дека мислењето е позитивно. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување јавен обвинител и може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.
Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години, со право на повторен избор.
Поврзани објави
Почина првиот македонски победник на едно ријалити-шоу Драги Христов познат како „ Драги Шпага“
На 52 годишна возраст во кусо и тешко боледување почина првиот македонски победник на едно ријалити-шоу Драги Христов познат…
Кинезите со сатар бркаа познат актер , попладнево снимките избришани
Министерството за внатрешни работи ја расчистува бркотницата во трговскиот центар „Лептокарија“ во која маж и жена Кинези бркаа…
Петмина полицајци од ГП Богородица приведени оти се осомичени за земање мито
Петмина полициски службеници од граничниот премин Богородица се приведени за земање мито. Кај нив се најдени 822 евра…
Зоолошката градина во Скопје од петок отворена за посетители
По двомесечната пауза поради пандемијата со корона вирусот, Зоолошката Скопје во петок ќе ги отвори вратите за посетителите,…