Доeнче на респиратор, најмладиот пациент заразен со ковид

Пред 10 дена шестмесечно доенче било најмладиот пациент досега регистриран како ковид-позитивен, рече директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова за ТВ24.

Доенчето било доведено во исклучително тешка состојба и завршило на механичка вентилација.

Бебето имало откажување на дишните патишта, а Софијанова вели дека најверопјатно се работи за делта-сојот. Доенчето е веќе дома, во  добра состојба.

Total
0
Shares
Поврзани објави