Претреси во Скопје, пронајдени над 600 грама амфетамин, приведени двајца криминалциНа 29.03.2022 околу 04.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош ги лишиле од слобода В.Ѓ.(43) и Н.Т.(31), двајцата од Скопје, поради сомнение дека се сторители на кривични дела тешки кражби. При преглед во возилото „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени повеќе предмети погодни за извршување на кривичните дела. Додека при претрес во домот на В.Ѓ., извршен со судска наредба, од полициски службеници од ЕВР Карпош и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, биле пронајдени и одземени повеќе од 600 грама амфетамин и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела тешки кражби. Исто така, при претрес во домот каде престојува Н.Т., извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети поврзани со кривично дело. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Поврзани објави
ДКСК бара закон за потеклото на имотот на функционерите
Претседателката на Комисијата за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска бара новото Собрание да донесе посебен закон за потеклото…
Владата денеска го усвои Предлогот за пристапување кон промена на Уставот
Владата денеска го усвои Предлогот за пристапување кон промена на Уставот, односно ги усвои предлог уставните амандмани со…
Филипче: „Да заврши истрагата, потоа ќе одлучам дали ќе дадам оставка“
Дваесет часа по трагедијата која однесе 14 животи нема ниту еден конкретен одговор, како избувна пожарот, зошто и…
Лиса Шаќири до Груби и Касами: Престанете да ги претставите Албанците како глупи и прости
Лиса Баута Шаќири, сопруга на познатиот пејач Бени Шаќири, реагира на Фејсбук на најавата на вицепремиерот Артан Груби,…