Макрон реизбран за претседател – честитки од европските лидери

Емануел Макрон е реизбран за француски претседател, според првите проекции на изборните резултати во кои актуелниот лидер се спротивстави на кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен.

Франс 24 објави дека според првичните проекции, Макрон освоил 58,2 отсто, а Ле Пен 41,8 отсто од гласовите.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му честитаа на Макрон.

„Почитуван Емануел Макрон, честитки за вашиот реизбор за француски претседател, со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата извонредна соработка. Заедно ќе ги покренеме Франција и Европа“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

„Честитки, драг Емануел Макрон. Во овие турбулентни времиња ни треба силна Европа и Франција која е целосно посветена на суверена Европска унија. Можеме да сметаме на Франција уште пет години“, напиша Мишел на Твитер.

Честитки упати и британскиот премиер Борис Џонсон. „Честитки Макрон  на Вашиот реизбор за претседател на Франција. Франција е еден од нашите најблиски и најважни сојузници. Со нетрпение очекувам да продолжиме да работиме заедно на прашањата кои се најважни за нашите две земји и за светот“, истакна Џонсон.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Столтенберг, потврди дека ракетите кои експлодираа на територијата на Полска синоќа, убивајќи двајца цивили, не биле истрелани од Русија, туку од Украина

По американскиот претседател Бајден, попладнево и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека ракетите кои експлодираа на…