Русија ја запре испораката на гас за Финска

„Увозот на гас преку влезната точка Иматра е запрен“, соопшти денеска (21.05) финскиот оператор за гас, Гасгрид. На станицата Иматра вообичаено доаѓа руски гас наменет за Финска.

Запирањето на гасот го потврди и финската државна компанија Гасум. Отсега Гасум своите муштерии ќе ги снабдува со гас од други извори, кој се транспорира преку гасоводот Балтикконектор. Овој гасовод ги поврзува Финска и соседна Естонија.

Рускиот концерн за гас, Гаспром, според наводи на Гасум, соопштил дека од денеска, од 6 часот по средноевропско време, нема веќе да доставува гас. Причина, како што се вели од Гасум, е тоа што оваа компанија одбила да ги плаќа сметките во рубљи. Но, како што се додава од Гасум, клиентите не би требало да се загрижени, зашто снабдувањето со гас е обезбедено за наредните месеци.

Само околу 8% од потребите за енергија на Финска се покриваат со гас. Најголемиот дел од гасот досега доаѓаше од Русија. Затворањето на славината за гас од страна на Русија доаѓа неколку дена по финското барање за приклучување во НАТО.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Пет години од влезот на ЦАМЛ во САСА – 52 милиони долари веќе инвестирани во
одржлив развој и дополнителни вложувања планирани за наредните години

Рудникот САСА ја одбележа 5-годишнината од приклучувањето кон Централ Азија Металс (ЦАМЛ) –специјализирана рударска компанија со седиште во…