Дизелот поевтинува за 2,5 денари , бензинот со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 27.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,460%,  кај  дизелот намалување во просек за 2,480%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,201% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,032%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа  малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 106,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 105,00 ден/лит.

 Од 30.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,176 %.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Градоначалничката Данела Арсовска на својата официјална Фејсбук страница честиташе празник со фотографија од времето на Коце Трајановски

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска на својата официјална Фејсбук страница направи грешка во обид да го честита…