N
Попладнево цело Тетово беше погодено од големото невреме. На социјалните мрежи објавија снимки и фотографии од поројните дождови.
Целиот град е под вода, поплавени се сите улици, како и многу подруми и гаражи. Влезовите во Тетово се блокирани единствено прооден е патот кај Штуловиот универзитет.
Големо невреме имаше и во прилепско и Валданово од каде стигнуваат информации за големи поплави.