Силен земјотрес во Италија , почувствуван и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја потресе Италија.

Епицентарот на земјотресот бил во Марке, но бил почувствуван и во Рим, Фиренца, Болоња и северна Италија. Земјотресот е регистриран на 66 километри источно од Римини, на длабочина од 10 километри.

Според хрватските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска. Корисниците на апликацијата ЕМСЦ од Хрватска известуваат дека добар дел од Истра и централниот Јадран биле погодени.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Нови гранатирања во Киев

Рано утрово, на социјалните мрежи се појавија непотврдени информации за експлозии во јужните градови Одеса и Запорожје. Оливер…