Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател поднесе оставка

Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко (33) денеска поднесе оставка, но не ја наведе причината зошто побара од претседателот Володимир Зеленски да го разреши од должноста, пренесоа агенциите.

„Му благодарам на претседателот на Украина Володимир Зеленски за довербата и можноста да правам добри дела секој ден и секоја минута“, рече Тимошенко.

Медиумите во Украина пишуваат дека Тимошенко би можел да биде опфатен со кадровските промени што ги најави Зеленски на сите нивоа на власта поради корупција и воено профитерство.

Повикувајќи се на украински медиуми, Ројтерс објави дека Тимошенко бил вмешан во неколку скандали поврзани со лична употреба на скапи автомобили, што тој го негира.

Total
0
Shares
Поврзани објави