Стигнале првите пријави за врсничко насилство на мејловите кои ги отвори МОН

Поплаки за врсничко насилство во Македонија пристигнале на е- маил адресата на Mинистерството за образование и наука (МОН). 

Десетина пораки има на новата електронска адреса на Министерството за образование која е отворена со таа цел, граѓаните, родителите, младите да пријавуваат врсничко насилство и надлежните да пристапуваат по пријавите. Некои од пораките се однесувале и на проблеми со поранешни професори и сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст.

„Секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“, велат од МОН.

Мејловите се [email protected] и [email protected] на албански јазик. 

Министерството за образование и наука ќе и предложи на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците. 

Министерството веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, во однос на употребата на социјалните мрежи во училишна средина. Во билтенот на полицијата деновиве имаше регистрирани тепачка во тетовско меѓу ученици, но и инцидент во Скопје, каде дете повредило друго дете незадоволно од исходот на фудбалски натпревар. Во соседна Србија пред четири дена се случи масакр каде момче уби 9 луѓе и рани уште 7. Ова го вклучи алармот дека мора да се преземе нешто за да не се случуваат вакви трагедии на други места. 

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Владата предложила измени на Кривичниот законик по скратена постапка со кои се предвидува намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност

Владата до Собранието предложила измени на Кривичниот законик по скратена постапка со кои се предвидува намалување на затворските…