Децата ги оставил на плажа: Мажот кој се удави во Дојранско езеро е од Штип

МВР објави дека мажот кој денеска претпладне се удави во водите на Дојранското Езеро, непосредно пред Градската плажа, е жител на Штип на возраст од 42 години.

Настанот се случил во 11.30 часот, било пријавено во полицијата дека едно лице паднало од педалинка во езерото и се удавило,а за настанот бил известен јавен обвинител.

Tој ги оставил своите деца на плажа во непосредна близина, а тргнал сам да ја вози педалинката.

Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи информира дека и натаму се трага по трупот, а тешко е да се пронајде затоа што слаба е видливоста поради цветањето на алгите.

Total
0
Shares
Поврзани објави