- „Замина нашиот колега Владимир, нашиот пријател Љац, ненадминливиот актер и препознатлив лик на театарската сцена и телевизискиот/филмски екран“. Вака гласи објавата на Македонскиот народен театар, каде работеше Владимир Ендровски, кој почина на 60 годишна возраст.
- Ендровски е дипломец на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Геогиевски во 1991. На сцената на МНТ официјално е од 1993, иако како актер се појавува во претстави и пред дипломирањето. На сцената на МНТ ги оживеа и ги направи незаборавни, меѓу другите: Далавера змејот во „Рекламна бајка“ (1989), Дромио од Сиракуза во „Забуни“ (1989),Борис во „Буре барут (1994), Манилов во „Мртви души“ (1994), Д-р Алојзие Зилбербрант во „Глембаеви“ (1996), Капетан Лебјаткин во „Демони“ (2001), Крадецот во „Павилјони“ (2001), Трајан во „Балканот не е мртов“ (2001), Ристе во „Ослободување на Скопје“ (2002), „Црна дупка“ (2003), „Троил и Кресида“ (2010), Алексеј Кирилов во „Бесови“ (2011), како и во претставата „Подемот и падот на кабарето“ (2013).
- Љац за пошироката јавност беше најпрепознатлив од неговите ТВ ликови, на пример како Дино во серијата „Трст виа Скопје“, за која ја има добиено наградата на ревијата „Екран“ за најдобро филмско актерско остварување.
Поврзани објави
Кој е новиот министер на МВР со импресивно образование и кариера
Драган Ковачки дознаваме дека е решението кое го предлага Мицкоски за прв човек во Министерството за внатрешни работи.…
Трансплантација на црн дроб од починат донор- прва во историјата на македонскотo здравство
На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор- прва во…
Неподвижна мајка на две деца болна од Кронова болест не ја примат во болница
Дваесет и осум годишна мајка на две деца од пет и две години, боледува од Кронова болест, не…
Нов масакр во САД, убиени 10 луѓе
Во еден часот по полноќ по локално време во американскиот град Дејтон се случи вооружен инцидент во кој…