Раде Трајковски – Штекли излегува од болница

Раде Трајковски – Штекли излегува од болница. Тој оди на домашно лекување. 

На социјалните мрежи денеска се појави фотографија од ранетиот Трајковски на која тој е насмеан. Фотографиран е во болницата „Св.Наум Охридски“ во Скопје каде тој заврши oткако неодамна пукаа во него во трговскиот центар „Ист Гејт“. Трајковски е опериран и мораше да му биде отстранет дел од белите дробови.

Нападот се случи минатиот вторник околу 15 часот, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се работи за пресметка на криминални кланови.

Во недела е најдено запалено возило во Сарај за кое истрагата се сомнева дека е автомобилот за бегство на напаѓачот кој пукаше во Штекли и Колумбо.

Total
0
Shares
Поврзани објави