Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје е завршена во текот на вчерашниот ден и телото е предадено на семејството, потврдуваат за МКД.мк извори од истрагата. Анализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало… се во тек и откако целосно ќе завршат, ќе биде изготвен обдукционен извештај кој со сите комплетни податоци и анализи ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје. Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан. Четиринаесетгодишното девојче кое исчезна на 27 ноември во 7,30 часот, беше најдено убиено неколку дена подоцна.
Поврзани објави
ВМРО-ДПМНЕ на голем митинг пред Влада : Премногу е !
Под мотото: Премногу е, најголемата опозициона партија во Македонија, ВМРО- ДПМНЕ вечерва одржува голем протест за промени, пред…
Кој е новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за МВР?
ВМРО-ДПМНЕ го предлага Наќе Чулев, професионалец од Агенција за разузнавање како нов предлог за прв човек во МВР.…
Владина делегација на чело со Спасовски ќе оди во Ерусалим по „Благодатниот оган“
Владини функционери одат во Ерусалим по „Благодатниот оган“, соопштија од Владата. Владината делегација ќе ја предводи министерот за…
Родители аламираат за три нови случаи на МРСА во кланот Кокиче во Кисела Вода надлежните молчат
Бактеријата МРСА се шири помеѓу дечињата во клонот Кокиче од градинката Весели цветови, а покрај четирите случаи загрижени…