Во Полициска станица Пробиштип, 40 годишен жител на село во Пробиштип, пријавил дека во мобилиот телефон на наговата 11 годишна ќерка пронашол фотографија од неа со компромитирачка содржина. Во разговор со истата, дознал дека фотографијата ја направило машко лице и истиот ја уценувал ќерка му, да излезе со него бидејќи ќе ја објавил фотографијата на Фејсбук. Во ПС-Пробиштип е извршен разговор со девојчето во присуство на нејзиниот татко и со стручен тим од Центарот за социјални работи -Пробиштип, а по наредба на дежурниот јавен обвинител, во Клиничка Болница Штип е извршен гинеколошки преглед над неа. Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи е одземен лап-топ марка „Тошиба“ од станот на осомничениот како материјален доказ во присуство на неговиот татко. ПС-Пробиштип превзема мерки за расчистување на случајот.
#МВР-билтен
Поврзани објави
Најстудено во Берово, измерени -19 степени
Во Берово утрово е најстудено, -19, а најтопло – 2 степени во Дојран. Како што соопшти УХМР, до…
Тешка сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, пет лица повредени
Во сообраќајна несреќа меѓу три патнички возила денеска на автопатот Тетово – Гостивар, повредени се пет лица. Во…
Ванковска ги собира последните 900 потписи за претседателската кандидатура, до 10 илјади се приближува и Јакимовски
Претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска, е на чекор да обезбеди 10 илјади граѓански потписи неопходни за влез…
ДУИ го заборави премиерот Албанец
Условот за Албанец премиер исчезнува, ДУИ подготвени да преговараат и со ВМРО-ДПМНЕ за состав на новата македонска Влада.…