Ако имаат подобро решение, нека го кажат, ќе разговараме – вели Мицкоски по изјавите на амбасадорите за Судскиот и Советот на јавни обвинители

Ако знаат подобро решение, нека дојдат и нека го кажат, подготвен сум да разговарам за истото и доколку тоа решение е подобро, веднаш ќе го прифатам за да може да го примениме и еднаш засекогаш да ја вратиме довербата на граѓаните во судско-обвинителските институции зашто вака очигледно не бива.

Вака премиерот Христијан Мицкоски го прокоментира вчерашното излагање на дел од амбасадорите во земјава, меѓу кои американскиот и евроамбасадорот, оти не треба да има распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители – реформа што ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ја спроведе кога ќе дојде на власт.

Мицкоски оцени дека во земјава е пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата притоа, како што вели, занемарувајќи го гласот на 600 илјади граѓани кои ги избрале оваа коалиција и оваа програма.

„Истовремено истите тие велат дека е катастрофална состојбата со владеењето на правото и сите тие во своите извештаи велат дека цути криминалот и корупцијата. Логично е како човек којшто е рационален и конструктивен, кога ќе види проблем, да бара решение за него. Еве, ние понудивме решение. Во ред, не се важни тие 600 илјади гласа за амбасадорите, не е важна програмата на Владата. Во ред, јас сум подготвен секој оној којшто има подобра идеја – и експертската јавност и амбасадорите – да дојдат и да кажат како треба. Подготвен сум да седнам со секого да разговарам. Дајте, кажете како да ја решиме работата зашто вака не бива“,рече Мицкоски.

Само, додаде премиерот, да не е „како до сега“.

„Видовме што значи тоа ‘како до сега’ – монтирани случаи, политички нарачки, луѓе коишто се жртви на прогон, луѓе коишто од криминалци стануваат чесни граѓани, ете таква е моменталната состојба во судството и обвинителството“,посочи Мицкоски.

Рече дека се согласува оти вината треба да има име и презиме и повика на заедничко лоцирање на одговорните.

Total
0
Shares
Related Posts