ЕКСКЛУЗИВНО – Игор Југ : “Во Собрание помагав и делев вода “, изјава во ЈО

Попладнево заврши распитот на Игор Југ во Обвинителството. Дознаваме дека давал исказ пред обвинител и тврдел дека не е виновен. Пред обвинителот тврдел дека во Собранието не носел оружје иако на снимките се гледа дека чудно ја држи раката зад грб. Југ во исказот кажал дека ниту удрил некого ниту бил да тепа. Во Собрание помагав и им давав вода, кажал Југ пред обвинителот.
Игор Југ веќе е во притвор оти како дел од група на 27-ми април стаса до собраниската прес- сала каде беше извршен напад врз пратениците на актуелната власт. Во парламентот влегол преку предната врата која ја отворија пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, додека голем дел од насилниците со фантомки влегоа од задниот влез во Собранието. Беше препознатлив по црна маица со симболот на про-усташката организација ХОС, а беше забележан како подолго време ја држи раката на грбот под маицата по што се истражува дали бил вооружен со огнено оружје.

Total
0
Shares
Поврзани објави