Кривична пријава против Фрчкоски – осомничен за злоупотреба на буџетски средства во САД

Поранешниот амбасадор на Македонија при Обединетите нации во Њујорк, Љубомир Данаилов-Фрчкоски, се соочува со кривична пријава поради сомнежи за незаконско користење на државни средства. Според пријавата поднесена вчера, тој, заедно со уште три лица, е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, дело казниво според член 353 од Кривичниот законик.

Фрчковски, во периодот од април 2022 до октомври 2024 година, постапувал спротивно на инструкциите и правилниците на Министерството за надворешни работи и Министерството за финансии. Според пријавата, тој не ја префрлил целата сума од продажбата на заедничкиот сукцесиски објект на СФРЈ во Њујорк кон Буџетот на Република Македонија, задржувајќи 58.721,72 долари на сметката на Мисијата во Њујорк, кои биле потрошени ненаменски.

Според првичните информации тој е осомничен за : Нерасчистено салдо во касата на Мисијата, Земање аванси за службени патувања без соодветно оправдување, Пречекорување на дозволениот износ за мобилен телефон, Дупли и неоправдани плаќања на телефонски сметки, Трошоци за репрезентација над дозволените лимити, Исплати од касата на мисијата за поправка на службено возило без согласност од МНР.

Total
0
Shares
Related Posts