Последната информаци од полицијата е дека маж кој се закани пред судот дека има динамит всушност на појасот носел петарди. Ибруш Ибраими од Арачиново додека во салата на Врховен суд се соопштуваше пресудата за случајот тој упадна кон полицискиот кордон со закана дека носи динамит. Беше приведен , а роднините кои чекаа информација за пресудата жестоко го осудија и тврдат дека не бил со нив.
Додека се случуваше драмата пред судот , слично и во судница. Во моментот кога судијата влезе во судницата сите 37 обвинети станаа и почнаа да пеат албанска песна и да извикуваат УЧК. Неколкумина викнаа God Bless Amerika. Еден од нив се соблече до половина и на албански на судијата и кажа дека на тој начин сака да протестира.
-Ние сме УЧК но не сме терористи. Нас не нападна полицијата а политичарите кои го организира ова од ДУИ и ДПМНЕ ги сакаме во судница, викаа и пееа сега осудените.
Поради неред во судницата и неможност да се чита пресуда судијата нареди сите да бидат отстранат по што пресудата се читаше околу еден час. Беа соопштени 7 доживтони казни затвор но и 4 ослободителни пресуди. Прв пат во судница се слушнаа и казни од 40 години доготраен затвор. Вакви казни беа изречени за 13 сега осудени.
Ангажирањето на полицијата хеликоптерот и силното полициско обезбедување треба да го платата осудените. Судот пресметал дека биле потрошени над милион евра.
По пресудата пред судот неколкумина од жените на осудените плачеа и бараа образложение од адвокатите за казните. Тие пред медиумите изјавија дека од новата власт е ветена меѓнародна експертиза за случајот. Но роднините незадоволни бараат и политичарите кои се замешани во настаните да бидат заедно со нивните роднини во судницата за да се обелодени целата вистина за настаните во кумановската населба Диво Насеље кога пред две години од добро вооружена и организирана група беа убиени 8 полициски специјалци.
Пресудата не е правосилна и конечна. И обвинителството и обвинетите имаат право на жалба.
Поврзани објави
Бизнисменот Силјан Мицевски дава исказ за „Рекет“ – си ги бара парите
Во Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска дојде и Силјан Мицевски кој треба да даде исказ за…
Јадеше гулаш а? – Јадев, зашто да не јадам. Има дана за мегдана
Пред почетокот на судењето за рочиштето Насилство врз Општина центар ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, со…
Заев и родителите на убиените момчиња кај Смилковско , ќе се соочат во судница
По долго инсистирање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско Езеро Зоран Заев да биде повикан како сведок,…
Делото на Мијалков во „Титаник 2“ застари
7 април 2023 година. Датумот кога настапува апсолутна застареност за кривично гонење на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков,…