Предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски е ставен на дневниот ред на пленарната собраниска седница како последната 20-та точка. Седницата според објавата на интернет страницата на Собранието, е закажана да почне во 11 часот.
Пред два дена собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања предложи одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.
Одлуката беше изгласана со пет гласа „за“ од деветчлената собраниска Комисија. Неизвесно е дали две третини од пратениците ќе го поддржат предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски.
Поранешниот премиер е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во истовреме се чека Кривичниот суд да одлучува по жалбите на неговите адвокати на одлуката на судијата за зивршување санкции кој одби да му го одложи отслужувањето затворска казна. Одлуката треба да се знае најдоцна до понеделник.
Поврзани објави
120 евра казна за брзо возење на електричен тротинет
Казна ако не се носи елек е 50 евра, за движење по улица 80 евра, а доколку се…
9 години и два месеци затвор за кражбата во Тутнска банка
Првообвинетиот Бобан Смилевски доби 9 години и 2 месеци затвор за кривични дела затајување и тешка кражба, а…
Комитите на Божик повикуваат на аудиовостание – да се удира на тенџериња
Навивачката група на Вардар заедно со други навивачки групи и граѓани на 7 јануари на Божик организираат пасивен…
ИНТЕРАКТИВНА МАПА НА СКОПЈЕ СО ИНФОРМАЦИИ ЗА ДОСТАВА НА ХРАНА, НАМИРНИЦИ И ЛЕКОВИ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС
Град Скопје во соработка со GDI Skopje изработи интерактивна мапа за достава на храна, намирници и лекови за…