Бранкица Димитровска активист за правата на лицата со посебни потреби во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа, изјави дека министерката за труд и социјала Мила Царовска ги избегнува средбите со лицата со посебни потреби. Министерката Царовска и покрај поканата од страна на телевизијата не зеде учество во емисијата и нејзиното столче остана празно. Од своја страна Димитровска активен чинител во борбата за подобар третман на лицата со хендикеп во своето излагање го стави акцентот врз членот 54 став 2 од предлог законот за социјална заштита, кој гласи дека „Лице кое користи надоместок за попреченост, истовремено не може да користи надоместок за помош и нега од друго лице.“ Бранкица Димитровска исто така и препорача на министерката Царовска, кога веќе „мафта со рацете и сака да гестикулира“, да го научи јазикот на глувонемите, така барем една група на лица со хендикеп ќе имаат барем симболичен бенефит нејзините активности. Погледнете го целото видео од емисијата, каде што гостин беше Бранкица Димитровска.
Поврзани објави
Писмо до Шилегов: Светот не шири улици во центар, не сече дрвја и не бетонизира – Центар е во пред-инфарктна состојба !
Попладнево во Центар се одржа собир на граѓани по најавите дека улицата Даме Груев ќе се проширува односно…
Да го спасиме Лорик од Кичево, миленикот на генерација, детенце на кое фудбалот му е во срцето, а сега му требаме за да оздрави!
Почитувани кичевчани, до сега сме покажале големи дела пред се од хуманитарен карактер, сме организирале најразлични настани само…
На девојката која остана без струја ЕВН експресно и пушти елекртична енергија
По објавата на сторијата на Досие дека девојка со посебни потреби остана без струја во најстудените денови од…
Канта пазар во Центар , граѓаните вознемирени
На неколку картонски кутии и стари изветвени валкани предмети од куфери до кациги шпорети и облека се продаваат…