Во полуотвореното одделение на КПУ Идризово се степале затвореници по што едниот завршил во болница, а другот во самица. Според извори од затворот тепачката се случила поради кавга за името Република Македонија. Во кавгата дали да се смени името едниот затвореник му рекол на другот дека името не е за поткусурување и продажба за политички цели. Но вториов возвратил со пцовки и навреди за фамилијата на затвореникот.
Сведоци на кавгата биле затвореници и стражар и отпрвин никој не реагирал. Но кавгата се вжештила и едниот затвореник влегол во канцеларијата на стражарот каде пцуењето продолжило. Тогаш едниот замавнал со бокс но навреднеиот успеал да се отргне и да возврати. Бранејки се, со еден удар успеал да го собори затвореникот.
Натепаниот бил однесен во болница каде му е санирана скршеница на носот , а затвореникот кој се бранел завршил во самица. Според извори од затворот неговата здраствена состојба не е добра , одбива да јаде и пие и веќе има покачена температура.
Случајот го истражува управата и го води како насилство иако според кажувањата на затворениците се работи за самоодбрана. Настанот е пријавен и регистриран во полиција.
Поврзани објави
Миле Јанакиески префрлен во домашен притвор
Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски доцна попладнево од истpaжниот затвop во Шутка е спроведен во…
Штрајк на осудениците во Идризово?
Со писмо осуденици од најголемиот затвор во Македонија ја известуваат јавноста и директорот на затврот дека од утре…
Агим Красниќи избега од затворот во Штип?
Кондовецот Агим Красниќи од вчера е во бегство, тој не се вратил во затворот во Штип по викендов,…
(видео)Камчев заврши во притвор
Бизнисменот Орце Камчев по излегување од судот, негираше дека сакал да бега, како што образложи Агенцијата за национална…