Спасовски не исклучува и воведување полициски час ако има потреба

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека полициски час е една од опциите за справува со пандемијата со коронавирусот ако за тоа има потреба.

„Ако имаме прогресирање на пандемијата, зголемување на ширењето на болеста секако треба да се преземат дополнителни мерки, но тие мора да бидат димензионирани на потребите кои ги налага одредена ситуацијата“, изјавил за Сител Спасовски.

Тој вели дека според анализите на Комисијата за заразни болести, досегашните мерки даваат одредени ефекти, веќе се намалува вирулентноста и преносот на вирусот кај населението, а тоа веќе ќе го почувствуваме наредните денови, но тоа не значи дека тој тренд може така да се задржи.

„Ако имаме тренд на зголемување на нови заболени и ако има таква потреба, Владата е тука да носи нови одлуки кои значат и рестриктивни мерки. И сега сме подготвени да имаме нови мерки. Државата е тука и ќе направи се за да може да се заштити животот на граѓаните, здравјето и економијата, тие се клучни работи за да може да опстане државата, рече Спасовски.

Според него, поддршката од Армијата не е да се спречат инциденти, туку да и се олесни на полиција која остварува надлежностите и во другите области.

–Кризната состојба не значи дека од утре нешто се менува радикално. Тековните обврски на граѓаните се одвиваат непречено. Ние четири дена сме во кризна состојба, а граѓаните ги извршуваат своите редовни обврски“, објасни Спасовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави