Актерот Ванчо Петрушевски неофицијално починал од струен удар

Македонскиот актер и доајен на Драмскиот театар Ванчо Петрушевски почина денеска на 67-годишна возраст. Од МВР потврдија дека денеска добиле повик од Итна медицинска помош за смрт кај лице во Орешани и дека се прави увид. Најверојатно настрадал од струен удар.
Ванчо Петрушевски завршил Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година и се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Беше познат актер и во театарот и во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми и серии. Добитник е на голем број награди.

Total
0
Shares
Поврзани објави